Зголемување на пенис во Македонија: Колку мажи досега го направиле?

Македонец поради димензиите на пенисот, до 24 години немал сексуални односи, бидејќи се срамел. Имал комплекс кој преминал во психичка траума. Момчето имало нормална ерекција и можело да има нормални сексуални односи, меѓутоа било убедено дека неговиот пенис е многу мал и недоволно дебел.

osnovana-partija-na-mali-penisi-koj-smee-da-se-zachleni-240663

-Му се објасни протоколот на работа и се направи интервенцијата - за Телеграф.мк вели специјалист хирург-уролог, д-р Александар Мицковски од приватната клиника „Аџибадем Систина“.

Сексуални односи по интервенцијата не се дозволени во првиот месец. Една ваква интервенција трае околу еден час и петнаесет минути. И најчестата старосна граница на ваквите пациенти е помеѓу 28 и 40 години.

- Сега момчето си функционира најнормално, редовно доаѓа на контроли и комплетно е задоволен од интервенцијата - објаснува доктор Мицковски.

Хируршката интервенција на зголемување на машкиот полов орган е релативно нова процедура во македонското здравство. Ретко ќе најдете маж кој ќе зборува за ваков „проблем“, доколку го има. Мала е бројката на оние што се одлучуваат на ваков потег. Меѓутоа, со достапноста на информациите на интернет, работите полека се менуваат.

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ досега се оперирани повеќе од 10 пациенти.

- Се работи за еднодневна интервенција - пациентот лежи во болница само еден ден. Интервенцијата се изведува низ минимален рез кој потоа не се забележува, но ефектите се извонредни. Се вградуваат природни материјали, како перикард (обвивката на срцето од животинско потекло) и вештачки материјали. Тие се како лист хартија со кои се замотува пенисот и пациентот добива ширина која е прифатлива за него. Максималната должина што може да се добие со хируршка интервенција, според медицинските протоколи, е 2,5-3 сантиметри.

Најчести барања на пациентите се во еден акт да се добие продолжување на пенисот - елонгација и задебелување - аугментација. Пациентите ги прифаќаат реалните вредности за да немаат последици врз ерекцијата и сексуалниот живот.

- На интернет има многу препарати што се користат за зголемување на пенисот, но јас строго забранувам нивна употреба бидејќи во таквите препарати многу често има парафин кој прави страшни компликации, од затворање на кожата на пенисот до неможност за мокрење. Сме оперирале и пациенти што имале компликации од средства за зголемување на пенисот. Па последиците се од еректилна дисфункција до тотален деформитет, болки при сексуални односи. Затоа мојот апел е таквите препарати воопшто да не се употребуваат - раскажува доктор Мицковски.

На интернет може да се најдат многу „рецепти“ како да си го зголемите половиот орган, но речиси ниту еден од нив не е безбеден за здравјето.

Како најефикасен метод се покажале т.н. пенисни екстендери кои овозможуваат просечно зголемување од 1,8 до 2,3 сантиметра. Сепак, овие дополнителни сантиметри се резултат на макотрпна терапија. Потребно е да се издржи четири до шест часа истегнување на ден во период од четири до шест месеци.

Исто така и „пенисна пумпа“ е едно од „помагалата“ што го продолжуваат фалусот со помош на вакуум, но и овој метод не се покажал како ефикасен. Постојат и скротални прстени, крути или еластични ленти кои се ставаат околу коренот на тестисите и пенисот и можат да помогнат во зголемување на пенисот и да одржат ерекција кај мажите кои болeдуваат од анксиозност, но ваквата евалуација е извршена на само два случаја.

Затоа, официјалната медицина ги забранува овие препарати. Ваквите компликации се решаваат, но многу потешко. Некогаш и операцијата не може да помогне при корекција на последиците од користење на овие препарати. Парафинот што најчесто го вшприцуваат ги опфаќа и крвните садови и нервите и со неговото вадење, кое прави лузна, практично се откорнуваат и крвните садови и нерви и тоа е многу тешка процедура. Многу потешка отколку примарната операција. Најголема последица - пациентот може трајно да остане сексуално неактивен.

Инаку, во болницата во Велес пред неколку години е извршена првата операција за зголемување на пенисот во Македонија во јавното здравство. На млад пациент за неколку сантиметри му бил зголемен половиот орган. Операцијата ја извршиле велешкиот уролог д-р Горан Јовиќ и пластичарот д-р Боро Џонов од Скопје.

Според некои истражувања, просечната големина на пенисот во ерекција изнесува од 12, 7 до 17,8 сантиметри. Македонците спаѓаат во просечната категорија со 13,98 сантиметри.

Коментари

Популарно