ФОТО: Разорен земјотрес сруши град во Италија

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди утринава планинскиот дел на централна Италија, во кој според локалните медиуми, најмалку 21 лице загинаа.

italija-zemjotres1

Земјотресот е регистриран во 3:36 часот во област која се наоѓа на 170 километри од Рим, а се почувствувал и на широко подрачје во средината на Италија.

Земјотресот предизивикал и огромни материјални штети, а најпогодени се селата Акумоли, Аматриче, Поста и Арквата дел Тронто. Првиот потрес е забележан по 3:30 часот, соопшти Американскиот геолошки завод, додека еден час подоцна следен уште еден со јачина од 5,4 степени.

Земјотресот бил толку силен што ги разбудил жителите од центарот на Рим. Италијанскиот институт за земјотреси, пак, регистрирал 60 последователни потреси во текот на четри часа по првиот удар.

Срушени се многу згради, а се работи на расчистување на рушевините и пронаоѓање на евентуални нови жртви.

Првите жртви од земјотресот се постари маж и жена чија куќа се срушила. Алесандро Петручи, градоначалник на Арквата дел Тронто истакнал дека едно Пескара е едно од трите села кои се целосно уништени. Пријавена е смрт кај едно лице во Акумоли, додека две тела се извадени од рушевина на зграда во Аматриче.

Петручи додал дека уште четири лица се затрупани под урнатините и не се одзиваат на повиците на жителите кои се обидуваат да ги извлечат.

-Половина село исчезна, изјави градоначалникот на Аматриче Серџо Пироци кој наведува дека пристапот кон селото е блокиран поради што спасувачките екипи не можат да дојдат.

-На едниот пат има одрон, а на другиот мостот само што не се срушил. Слушаме гласови на луѓе под рушевините, вели Пироци за италијанските медиуми.

Италија е една од сеизмички најактивните земји во Европа, наведува Ројтерс потсетувајќи дека најпогубниот земјотрес од почетокот на 20 век бил во 1908 година кога загинале 80.000 луѓе. Последниот голем земјотрес бил забележан во 2009 година кога животот го загубиле 300 лица.

italija-zemjotres2-640x360

italija-zemjotres3-640x426

italija-zemjotres4-640x487

italija-zemjotres5-640x376

italija-zemjotres6-640x399

italija-zemjotres7-640x426

italija-zemjotres8-640x453

italija-zemjotres9-640x426

italija-zemjotres10-640x432

italija-zemjotres11-640x424

italija-zemjotres12-640x396

Коментари

Популарно