(ВИДЕО) Бред Пит првата главна улога ја имал во југословенски филм во 1988-ма

awxMoAx_700b-681x487

Дали знаете дека првиот филм во кој глумел Бред Пит е југословенскиот филм „Темната страна на сонцето“ (The Dark Side of the Sun), во режија на црногорскиот режисер Божидар Николиќ? Kога дознал дека го одбрале токму него да ја игра главната улога, според Николиќ, скокал од среќа. За овој ангажман Бред Пит добил 1.523 долари. Во филмот, во улога на негова мајка се појавува српската глумица Милена Дравиќ, а помала улога има и веќе покојната Соња Савиќ.

Филмот „Темната страна на сонцето“ (The Dark Side of the Sun ) е снимен во далечната 1988 година, но поради проблемите на распадот на Југославија кој се претчувствувал, завршен е дури во 1997 година, кога Пит веќе создал посериозна кариера.

Инаку, во поголемиот дел од филмот Бред Пит носи црн костум и маска затоа што глуми тинејџер со смртоносна кожна болест кој не смее да се појавува на сонце. Во тој период сега славниот Бред Пит има само 24 години.

Коментари

Популарно