Не ја пропуштајте магичната глетка: Водопад кој извира од небото (ВИДЕО)

Версајскиот дворец во Франција е место каде што од 2008 година се изложуваат делата на Олафур Елаисон, така што, покрај тоа што посетителите можат да уживаат во магијата на палатата, можат и да се препуштат на посебните изложби. Оваа година данскиот уметник изградил водопад над езерото во паркот кој изгледа како да извира од небото.

вода

Неговите дела се изложени во различни делови на дворецот. Над езерото во паркот се наоѓа овој необичен водопад, додека внатрешноста на палатата е украсена со светлосна инсталација.

Авторот истакнува дека за изложбата избрал серија просторни интервенции, игри, огледала и светла, а во парковите користи магла и вода за да го зголеми чувството на трансформација.

Коментари

Популарно