ГАЛЕРИЈА: Запознајте го Ненад Николовски - македонски актер во Холивуд

Позитивна приказна на еден Македонец, кој чекори кон врвот во Холивуд.

14159890_10154634180534271_124235127_n

Кога почна да се занимаваш со актерство?

Моите актерски почетоци почнуваат од мојата четврта година и нешто порано но тогаш за првпат го имав мојот стендап настап во една скопска кафана “ЛЕМОНД” во населбата Аеродром во тоа време. Во наредните години мојата актерска кариера претежно се развиваше во Училишни и Театарски настапи во различни форми на рецитали и драми. Настапот пред публиката и нивниот позитивен одговор на она што го правев беше пресуден да продолжам.

Моја главна инспирација во средно школо беа различните романи и драми од светските писатели- “Ревизор” од Николај Гогољ, “Клетници”од Виктор Иго, “Процес”од Франц Кафка, “Злосторство и Казна” од Достоевски, “Ромео и Јулија”, ”Хамлет”, “Трговецот од Венеција” од Шекспир итн.

Актерско формално образование

Ненад Николовски завршил Магистерски студии-Актерство на Њујоршката Филмска Академија во кампусот во Лос Анџелес.

Неговиот Тренинг опфаќа: Сценска Студија, Мајзнер, Актерство за Филм, Глас и Говор, Чеков, Од Сцена до Филм, Импровизација, Шекспир, Преку Глас, Александар Техника.

Ненад има настапувано во Престижното Актерско Студио во Лос Анџелес каде Ал Пачино, Елен Брстин и Харви Кател се ко-претседатели со претставата “Исус Се Качи На Возот” играјќи го главниот лик Ангел Круз.

Настапувал и во Виктори Театар играјќи ги главните ликови од: “Поглед преку Мостот” од Артур Милер, и “ Аеродром” каде што се појавува и како еден од авторите.

Хадсон Театар: “Италијанска Американска Реконсилијација” од Џон Патрик Шенли играјќи го Хјуи.

Во ЊУФА театарот ги има играно: “Бос Во Паркот” од Нил Сајмон играјќи го Пол, “Зимска Приказна”од Шекспир играјќи го Флорезел, “Трговецот од Венеција” од Шекспир играјќи го Бенедикт, “Ромео и Јулија” од Шекспир играјќи го Ромео.

Зошто го избра Холивуд за твојата актерска кариера?

Холивуд е најголемиот олимписки уметнички натпревар на артистите и културите од целиот свет. Мене натпреварот отсекогаш ми бил предизвик, а овој натпревар е натпревар со самиот себе.

Ненад во моментот работи на снимањето на филмот “Сведокот” криминална драма каде што ја игра главната улога на Тони високо профилиран мафијаш којшто е доведен во ситуација да одбере помеѓу моралот и неговиот живот.

Ненад ги има снимено филмовите “Коцкарот”, “Поблиску”, “Парфем”, “Жената”, “Последниот Роденден”, “ Парк”, “Зошто Брзање”, “Сендвич”.

Ненад Николовски е застапуван од холивудскиот агент и продуцент Пјер Патрик и неговата агенција “Џери Пејс”.

Коментари

Популарно