(ФОТО) Миленко Неделковски заедно со екипата отиде на Кајмакчалан и го искрши бугарскиот споменик!

lom-730x480

Миленко Неделковски заедно со екипата отиде на Кајмакчалан и го искрши бугарскиот споменик!

од профилот на Неделковски на ФБ

Кајмакчалан, денеска 22.09.2016 помеѓу 13.00 и 14.30 часот.

Мисијата комплетно завршена.

Незаконски поставената бетонска плоча од група бугарски криминалци комплетно е уништена и претворена во прав.

#немабојаиматокмак

#достазборење

#дајтеделаиакција

Минатата недела, неколкумина бугарски војници нелегално поставија споменик на Кајмакчалан во чест на бугарските војници кои загинале на врвот, а како признание за „храбриот“ подвиг Министерот за одбрана на Р.Бугарија Николај Ненчев најави дека ќе ги награди војниците кои ја подигнале спомен плочата.

tatari_kajmakcalan-1

Пред еден месец, како што пренесуваат бугарските медиуми, војници од Бугарската армија на сопствена иницијатиа поставиле спомен плоча „во чест и слава и длабок поклон пред хероите од Бугарската армија, кои го дале својот живот за обединување на Бугарија во битката на Кајмакчалан во 1916г“.

Официјална реакција од Македонските институции немаше, а уште помалку од ресорниот министер задолжен за одбрана Јолевски кој не се одважи со никаква реакција.

За среќа, Македонија сеуште има патриоти кои не само на тастатура туку и на дело ја покажуваат љубовта кон својата земја и вистинскиот начин на кој што се чува сопствената историја, вистинскиот начин на кој се чуваат спомените на загинатите Македонци кои ѕверски биле искористуани за разни интереси.

milenko_kajmakcalan2

Рано изутринава новинарот и истакнат Македонски патриот и родољуб, заедно со својата екипа изутрината околу 3.30 часот тргнале кон Кајмакчалан, на пат во должина од 75 километри од Битола до Кајмакчалан.

milenko_kajmakcalan

Екипата возела по екстремно тешки услови цели шест часа, по исклучително руиниран пат кој на места воопшто го немало.

milenko_kajmakcalan.3

„Својата мисија ја исполнив, заедно со целата екипа која му благодари на нашиот заеднички пријател и голем патриот чие име во моментов не смеам да го откријам“ – изјави Миленко Неделковски.

milenko_kajmakcalan4

Коментари

Популарно