„Полицајци“ ја ограбиле Кардашијан во Париз

Пет мажи ја ограбиле утринава американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан заканувајќи и се со пиштол во нејзината соба во Париз. Притоа бил украден накит вреден 11 милиони долари, a во тој инцидент никој не е повреден, објави „Ројтерс“. Инцидентот се случил во дискретна луксузна резиденција во која престојуваат славни ѕвезди и богаташи, а која се наоѓа зад црквата „Маделин“ во француската престолнина. Ким веќе престојувала таму, во 2014 година, пред нејзиниот брак со Кање.

1012893_10152747478409815_1762157246_n

Околу 2:30, крадците влегле во зградата откако консиержот ги пуштил внатре. Тие го врзале и со вперен пиштол го принудиле да ги однесе во станот каде што престојувала Ким. Влегле во собата на старлетата, заканувајќи ѝ се со пиштол, ја врзале и ја заклучиле во бањата.

Маскираните крадци облечени како полицајци украле кутија со накит вредна 6,7 милиони долари и прстен вреден 4,5 милиони долари, соопштила полицијата.

„Франсинфо“ објави дека телохранителите на Ким биле врзани со лисици за време на инцидентот, и дека имало пет разбојници вооружени со пиштоли.

Kim3(1)

„Ким е многу потресена, но не е физички повредена во инцидентот“, рекла нејзината потпаролка Ина Трециокас. Во моментот на грабежот, се верува дека децата на Ким, Норт и Сент, не биле со старлетата во собата

Американската ТВ-ѕвезда, заедно со мајка ѝ и двете сестри во француската престолнина се наоѓала за да присуствува на Модната недела во Париз. Нејзините сестри биле на забава за време на грабежот, но откако биле информирани за инцидентот, ја напуштиле забавата и поитале да бидат покрај Ким.

Веднаш откако ја дознал веста за грабежот, нејзиниот сопруг раперот Кање Вест го прекинал настапот кој бил во тек во Њујорк, ѝ се извинил на публиката и навел дека станува збор за семејна ситуација, а потоа ја напушил сцената.

Во меѓувреме, по шокантниот инцидент, Ким и нејзината сестра Кортни одлетале со приватен авион за САД. Од полицијата не ги откриваат деталите за грабежот, а истрагата е во тек.

Коментари

Популарно