ФОТО: Големо знаме со ликот на Путин се вее на мостот на Менхетен

„Миротворец“ пишува на големо знаме со ликот на рускиот претседател Владимир Путин, кое се вее на мостот Менхетн во Њујорк.

img-296297

Транспарентот со димензии шест на девет метри бил поставен во вчера 14:30 часот по локално време, пренесува телевизијата CBS. Денеска Путин го прославува 64-от роденден.

img-296296

Претставници на градските власти набрзо го симнале транспарентот. Полицијата ги проучува снимките од камерите за видео надзор, за да дознае кој е автор на оваа неодобрена активност.

Инаку ова не е првпат на мостот Менхетн да се постави некое знаме, откако во 2014 година активисти поставија знаме на Палестина за време на маршот во знак на поддршка за населението во Газа.

Коментари

Популарно