(ФОТО/ВИДЕО) Ликвидаторите го чекале цел час водачот на „гробарите“ во заседа

egzekucija

Напаѓачите му пукале само во глава и во врат, а од големиот број куршуми главата му била речиси откината од телото. Откако завршиле со пукањето, избегале кон улицата каде ги чекало паркирано „бе-ем-ве“, открива извор од истрагата.

sale_2

Двајцата атентатори кои го ликвидирале водачот на т.н. „гробари“, Александар Станковиќ, познат како Сале Мутав чекале цел час пред нивната мета да им се појави на видик. Тоа се открива во досегашниот тек од истрагата, објавуваат српски медиуми. Иако во почетокот се верувало дека двајцата со автомобил „бе-ем-ве“ му го попречиле патот на водачот на навивачката група на Партизан, тие сепак трпеливо го чекале да им дојде на дострел.

Како што објави српски „Телеграф“, кој се повикува на српски „Курир“, напаѓачите пристигнале на местото на ликвидацијата цел час пред убиството. Биле информирани дека околу 20 часот вечерта Мутав ќе биде во вежбалница.

sale_3

- Станковиќ во вежбалницата пристигнал вечерта во четвртокот околу 20 часот, еден час пред убиството. Влегол во гаражата и таму го оставил автомобилот. Кога завршил со тренингот на кој бил со неговиот телохранител Милорад Ѓуриќ, тргнал кон својот дом - рекол изворот близок до истрагата.

Според истиот извор, напаѓачите биле таму уште во мигот кога Мутав влегувал во вежбалницата. Сепак, се решиле да го чекаат и да го ликвидираат на заминување. Како што пишуваат српските медиуми, ликвидаторите биле професионалци. Пукале исклучиво во глава и во врат, за да бидат сигурни дека метата ќе биде ликвидирана.

sale_sem

sale-620x350

- Едниот бил кај страничното стакло, додека другиот речиси скокнал на шофершајбната. Пукале истовремено од два „калашникови“ и ги испразниле шаржерите, со околу 60 куршуми. Телохранителот, кој се наоѓал на задното седиште, инаку чувар во затвор, посегнал по својот пиштол, но напаѓачот кој бил кај страничниот прозорец го забележал и истрелал неколку куршуми и кон него - рекол изворот од истрагата.

Телото на Сале Мутав било речиси обезглавено од канонадата од крушуми.

- Напаѓачите му пукале само во глава и во врат, а од големиот број куршуми главата му била речиси откината од телото. Откако завршиле со пукањето, избегале кон улицата каде ги чекало паркирано „бе-ем-ве“, со кое заминале во шумата на Звездара. Таму автомобилот го полеале со бензин и го запалиле - се вели во изјавата од изворот.

uvidjaj-ubistvo-sale-mutavi-12

Како што пишуваат српски медиуми, оваа ликвидација е само почеток од серијата пресметки меѓу нарко-бандите од Црна Гора во кои се вмешани и криминалци од Србија. Според нивни сознанија, ова убиство било само порака до белградските криминалци и се очекува во скоро време да има нова слична пресметка.

grobari-tuca-620x350

Денеска на почетокот од кошаркарскиот меч меѓу Партизан и Олимпија, дојде до инцидент во кој меѓу себе се судрија навивачите на Партизан. Причина за тоа беше што поголем дел од навивачите, поддржувачи на Партизан ја исвиркале намерата на „гробарите“ да му се оддаде почит со едноминутно молчење на убиениот Сале Мутав.

Тоа ги изреволтирало „гробарите“ па тргнале да се пресметаат со навивачите кои не го почитуваат нивниот убиен водач. Тогаш се случил хаос во кој обичните навивачи скокале и преку огради за да спасат жива глава од насилните „гробари“.

Коментари

Популарно