ВИДЕО: Вака ќе изгледа новиот клинички центар во Скопје - „Мајка Тереза“

Тендерот за изградба на Универзитетски Клинички Центар „Мајка Тереза“ во Скопје, е објавен во  официјалниот гласник на Европската унија, а по спроведување на законските процедури, градежните работи ќе отпочнат на почетокот на 2017 година. Предвидено е да завршат до крајот на 2021 година, односно рокот на изведба е 45 месеци, со гарантен рок од 12 месеци.

untitled

Во текот на градбата, нема да се дозволи во ниеден момент да се загрози работата на клиниките во кампусот, посочи министерот за здравство Никола Тодоров и додаде дека ова е долго очекуван проект кој што претставува круна во низата инвестиции во здравството направени во минатиов период.

Погледнете како ќе изгледа новиот Клинички центар во Скопје.

Коментари

Популарно