Јајниците ја кријат „фонтаната на младоста“ ?!

Од козметика до разни суплементи и естетска хирургија, методите за антистареење се исклучително профитабилни. Меѓутоа и покрај сите глобални напори и милијардите потрошени на продукти и истражувања да се сопре процесот на стареење, сè уште ја немаме откриено вистинската „фонтана на младоста“.

vest_2_495x495338

Новите истражувања направени на Државниот универзитет во Јута покажуваат дека младите јајници кои биле трансплантирани во постари глувци ги промениле ефектите од стареењето врз нивниот метаболизам и имунолошки систем.

Истражувачите ги отстраниле јајниците на 10 глувци стари 12 месеци кои поминале низ естропауза, транзиција слична на човечката менопауза, и ги замениле со јајници земени од глувци стари 60 дена – приближно еквивалент на луѓето во раните 20-ти, во смисла на стареењето.

Четири месеци по процедурата, било откриено дека на имунолошките клетки наречени „Т-Клетки“ кои реагираат на нови инфекции и чија бројка се намалува со стареењето, всушност им се зголемил бројот по трансплантацијата. Глувците со младите јајници побрзо ја отстранувале гликозата од нивната крв, што го подобрувало метаболизмот. Предходните слични експерименти на истиот тим веќе покажале дека глувците на кои им биле извршени трансплантации живееле 40% подолго.

vest_2_jajnici_1

Теоретски, ова покажува дека можеби ќе биде возможно да се замрзне ткивото од „млади“ човечки јајници, со цел да биде ре-имплантирано подоцна во животот, но ефектите од подобрувањето на здравјето и на „подмладувањето“ би биле краткотрајни.

Резултатите од ова истражување ќе им овозможат на научниците да се фокусираат на откривањето на точната улога која јајниците ја имаат во стареењето, како и до откривање на одговорот дали истата метода би можела да се изврши и врз луѓе.

Коментари

Популарно