(ВИДЕО) Злосторството кое го шокираше светот: 20 години го држел синот врзан за кревет во целосен мрак!

36-годишен маж бил пронајден врзан за кревет во просторија без светло, со обрасната брада и огромни нокти. Таткото ги демантира обвиненијата и тврди дека неговиот син бил наркоман.

Ова страшно злосторство било откриено во Бразил! Еден 36-годишен маж бил ослободен вчера откако во темниот подрум на неговиот татко во Сао Паоло минал речиси 20 години!

brazil-sao-paolo-podrum-20-godini-04

Сето тоа време Армандо Андраде живеел во просторија без прозори и никакво вештачко светло, а полицијата го пронашла врзан за кревет.

brazil-sao-paolo-podrum-20-godini-01

Бил целосно запуштен, со огромна брада и нокти, а одвај успеал да сфати што се случува, кога бил изведен надвор.

Сето тоа време, неговиот татко Амансио Андраде живеел во истата куќа со маќејата, а на пријателите и роднините им објаснувал дека неговиот син живее на североистокот на земјата, дека е добро, дека работи и дека има свое семејство.

brazil-sao-paolo-podrum-20-godini-02

Шефот на локалната полиција кажал дека Армандо речиси и да не знаел за себе кога го пронашле.

"Го кренавме од креветот, а тој не кажа ниту збор. Го изведовме надвор, а тој ни тогаш не проговори. Помисливме дека е исплашен или издрогиран. Не беше способен да не идентификува како полицајци. Повикавме лекари и тој беше одведен директно во болница. Тешко е да се верува дека минал 20 години во таа валкана просторија. Не знаеме како воопшто преживеал. Воопшто немал светло".

brazil-sao-paolo-podrum-20-godini-03

Од друга страна, неговиот татко Амансио ги одбива сите обвиненија и тврди дека неговиот син е наркоман, кој се вратил дома откако на 18 години си заминал. Таткото тврди дека неговиот син сам дошол и барал од него да го заклучи во подрум за да се исчисти од дрога.

"Тој е возрасен човек, не се јавуваше откако замина, немавме никаков контакт. Минатата седмица само се појави на мојата врата. Му дадовме да јаде и го сместивме во соба во подрумот, а тој бараше да го заклучам во просторијата за да не може да побегне", раскажал таткото.

Армандо бил одведен во психијатриска болница, а лекарите соопштиле дека е премногу трауматизиран за да зборува.

Полицијата отворила истрага, но неговите татко и маќеја сè уште не се уапсени.

Коментари

Популарно