Студен ден со дожд и СНЕГ

vodno-sneg-snow-firrrst-01-17783-17942

Денеска е петок, 28 октомври 2016 година, 302-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 64 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 17 часот и 33 минути.

Денов трае 10 часа и 33 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 4 часот и 35 минути, а ќе зајде во 16 часот и 45 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, претпладне со повремен локален дожд, претежно во западните и јужните делови, кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. На повисоките планини (надморска височина над 1800м) на запад врнежите ќе поминуваат во снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од осум до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, студено и ветровито.

Температурата ќе се движи од осум до 13 степени.

Коментари

Популарно