Купила лото грепка да му докаже на сопругот дека само фрла пари - и станала милионер

57 годишната Гленда од Личестер за прв пат во животот играла на среќа за да му докаже на сопругот дека тоа не успева.

Image result for glenda blackwell

- Сакав да му одржам лекција да не ги фрла парите на тоа. Морав да ги голтнам зборовите - но вредеше!

Таа добила еден милион долари на една грепка, а чистата добивка по одбивањето на данокот била 500 000 долари.

Гленда и нејзиното семејство имале проблеми со парите, а сега ќе можат да си купат куќа и да го платат школувањето на нејзините две внуки.

Сепак, на крајот ќе биде по нејзино - таа и сопругот се заколнале дека никогаш повеќе нема да играат лото!

Коментари

Популарно