Кој и зошто му се заканува по живот на Вучиќ?

20161105130856

На премиерот на Србија Александар Вучиќ му е испратена порака дека животот му е во опасност.

Ова го тврди српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, спомнувајќи го и оружјето кое беше најдено во Јајнице.

„На Вучиќ му е испратена порака дека животот му е во опасност. Фактот дека е пронајдено оружје заслужува посебно внимание. Всушност, поради пропустите на службите и обезбедувањето е убиен Зоран Ѓинѓиќ. Работата е многу сериозна и тешка, треба да се утврди одговорност“ - вели Дачиќ.

На прашање дали додека претходно беше министер за внатрешни работи, знаел дека Управата на криминалистичката полиција има шпиони, Дачиќ одговори не.

Објаснува дека немал добри односи со дирекцијата на полицијата и не го известувале за тоа. Тврди дека работеле против него.

Неодамна во близина на домот на премиерот Вучиќ беше откриен арсенал оружје.

Потоа медиумите во Србија објавија дека тој „исчезнал“, односно не дошол на работа што е невообичаено за него.

Коментари

Популарно