Нов земјотрес го тресеше Скопје утрово

Балканот никогаш не бил волку сеизмички активен. Иако станува збор за слаб потрес, утрово змејотрес го погоди Скопје.

mkd-283039

Земјотрес со магнитуда од два степена според Рихтеровата скала е регистриран рано утринава во 3 часот и 11 минути во Скопје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил почувствуван во Скопје и околината со интензитет од три до четири степени по Европската макросеизмичка скала.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа во источниот дел на Скопското епицентрално подрачје.

Коментари

Популарно