НЕВРЕМЕ: Денеска дожд и громотевици, снегот ни доаѓа во...

maxresdefault_1

Денеска е вторник, 8 ноември 2016 година, 313-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 53 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 14 минути, а ќе зајде во 16 часот и 20 минути.

Денов трае 10 часа и 6 минути.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 12 часот и 53 минути, а ќе зајде во 23 часот и 50 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со засилен јужен ветер и со појава на врнежи, најинтензивни во западните делови од земјата. Наместа врнежите, особено на запад ќе бидат повремено поројни и проследени со грмежи, по некаде во форма на невреме.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 14, а дневната од 14 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со повремено засилен јужен ветер, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи во Скопската котлина. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Во среда ќе започне да дува северен ветер кон крајот на денот и тој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Во четврток на планините на север и на запад ќе има услови за слаби врнежи од снег.

Коментари

Популарно