Од 1 јануари извршителите нема да блокираат сметки за неплатени струја, парно, вода...

Закон за извршување со кој е предвидена вонсудска наплата на долговите на граѓаните за комуналните услуги ќе влезе во сила на почетокот на наредната година и покрај тоа што Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и Стопанската комора на Македонија на крајот на летото покренаа иницијатива неговата примена да се одложи до средината на наредната година.

430101-od-1-januari-izvrshitelite-nema-da-blokiraat-smetki-za-neplateni-struja-parno-voda

За помалку од два месеца граѓаните кои им должат на комуналните претпријатија ќе се спасат од ненајавеното блокирање сметки и од плаќање неколку пати повеќе од главниот долг, кога ќе им дојде извршител, зашто на 1 јануари стартува вонсудската наплата на долговите за комунални услуги.

Закон за извршување со кој е предвидена вонсудска наплата на долговите на граѓаните за комуналните услуги ќе влезе во сила на почетокот на наредната година и покрај тоа што Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и Стопанската комора на Македонија на крајот на летото покренаа иницијатива неговата примена да се одложи до средината на наредната година. Според претседателот на ОРМ, Ангел Димитров, тие не се откажуваат од барањето, но свесни се дека измените или суспендирањето на некои членови ќе можат да ги бараат дури по изборите, односно откако ќе се формираат новиот парламент и влада.

- Компаниите не се задоволни од решението во новиот Закон според кое пред извршителите за предметите со вредност од над 10.000 евра треба да ги застапува адвокат наместо како сега, правник од нивната правна служба и затоа бараа Законот да се одложи уште за шест месеци. Но, ние сме свесни дека во оваа ситуација пред извбори тоа е невозножно, па затоа измени ќе побараме по изборите, односно по формирањето на новиот парламент и новата влада, објаснува Димитров.

Тој додава дека притисокот од компаниите за да се направат тие измени на законот е се поголем, зашто некои од нив имаат цели правни одделенија со по неколку правници со положен правосуден испит.

- Не ни е јасно зошто законот им дава можност на банките и осигурителните друштва можат да ги користат своите правници, а не и на другите фирми. За ова особено реагираат градежните фирми, од кои во некои се вработени по двајца до тројца правници со положен правосуден испит. За нив ќе нема веќе работа доколку не се измени Законот за извршување и не им се дозволи како и сега, да ги претставуваат фирмите пред извршителите и за предметите над 10.000 евра, вели Димитров.

Тој се надева дека иако досега не е одговорено на нивното барање, кое, патем речено е поставено и во Социјално-економскиот совет, постои можност Законот да се измени и подоцна, откако ќе влезе во сила.

Иако компаниите, кои во неколку наврати реагираа се незадоволни, неисполнувањето на нивното барање за одолжување на законот им оди од рака на граѓаните, кои наскоро, по речеси еднодецениска агонија, ќе се спасат од извршителите. Од 1 јануари наредната година тие повторно ќе им се јавуваат, но нема да им ги блокираат сметките, туку ќе ги известуваат дека должат за струја, вода, парно и слично и ќе бараат од нив да платат во рок од 15 дена.

Извршителите велат дека воведувањето на ваквиот, вонсудски начин за наплата на долговите во новиот Закон за извршување е на нивна иницијатива и објаснуваат дека со присилна наплата ќе почнуваат доколку граѓанинот на кој ќе му се јават нема да го плати долгот кога ќе му бидс кажано. Бидејќи законот предвидува трошоците за извршување да бидат на товар на доверителиот, се очекува дека комуналните претпријатија ќе се откажат од практиката да ангажираат извршител и за минимални долгови, на пример и за 50 денари, како што прават сега.

Новиот Закон за извршување требаше да почне да се применува од август годинава, но се одложи до 1 јануари на барање на фирмите. Во меѓувреме, граѓаните се жалат дека во последно време многу почесто извршителите им ги блокираат сметките и се сомневаат дека комуналните фирми на кои им должат го користат периодот до 1 јануари за да ги наплатат долговите на стариот начин, со префрлање на трошоците за извршување на должниците.

Вечер.мк

Коментари

Популарно