Колку ќе заработува Трамп како претседател на САД?

20161110184753

Доналд Трамп е новиот американски претседател, а како што пишуваат светските медиуми - таа функција апсолутно не ја презема поради пари.

Имено, неговата плата ќе биде помала отколку неговата мала позајмица која некогаш ја добил од својот татко-кога покренувал самостоен бизнис, а како што пишува „International Business Times“ Трамп годишно ќе прима 400 000 долари за својата должност во Белата куќа.

Неговото богатство Форбс го проценува на 3,7 милијарди долари, ако уште се разговара за негово наводно затајување на данок.

Единствено прашање кое сега се поставува е дали Трамп ќе застане зад својата минатогодишна изјава кога рекол дека ќе се откаже од претседателската плата ако биде изберен.

Коментари

Популарно