Царинска управа на Србија: Месо од 1982 година пристигнало во пристаништето Бар

Царинската Управа на Србија соопшти дека добила известување за пратка со замрзнато месо од 1982 година што пристигнала во пристаништето Бар во Црна Гора и оти се преземени мерки да не стигне на пазарите во државата.

23b24ca205056941b32dcd4469951e3e

Се претпоставува дека станува збор за смрзнати свински полутки со одамна поминат рок, објави „Вечерње новости“.

На сите царинарници им е наложено да преземат мерки на засилена контрола со посебен акцент на граничните и пограничните премини кон БиХ, Косово, како и кон Црна Гора и Македонија.

Засега не се дадени детали за нарачателот на таа пратка, но се работи за количество од околу 600 тони, наведува весникот.

Коментари

Популарно