Тешка сообраќајка во Охрид: Прегазено 8 годишно детенце

Во текот на вчерашниот ден во 17 часот и 40 минути се случила страшна несреќа на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид.

vcghjftg-24093

„Голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од страна на 41-годишниот Д.К. од Охрид удрил во осумгодишно момче од Охрид.

Во незгодата со тешка телесна повреда се здобило детето кое било пренесено во Општа болница Охрид од каде било испратено во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети „Еразмо“ Охрид.

За настанот бил известен Јавен обвинител.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата во Охрид.

Коментари

Популарно