ВИДЕО: Тежок инцидент во Струмица - полицијата принудена да пука

Тежок инцидент се случил синоќа во Струмица при обид за приведување на момче во т.н. Турско маало во градот. Како што пренесоа локалните медиуми настанот бил околу 18 часот, кога две лица во цивилна облека се обиделе да легитимираат, а потоа и да приведат помладо машко лице.

strumica_-_02

Обидот за приведување бил забележан од локалните жители, кои бргу се собрале и ги попречиле приведувањето на момчето, кое искористувајќи ја мешаницата, успеало да избега со лисици на рацете. Бргу се појавиле и униформирани полицајци, како и началникот на струмичката полиција.

Сепак, ситуацијата бргу ескалирала, при што во еден миг е употребено и огнено оружје, односно е пукано во воздух три пати. Дел од локалните медиуми пренесоа изјава од струмичката полиција, од каде им било потврдено дека двајца инспектори се обиделе да приведат едно лице, при што биле попречени од поголема насобрана група.

Коментари

Популарно