Ница и Ниш не е исто, млади Чеси по грешка завршиле во Србија

Четворица млади чешки туристи, наместо на празничен одмор на француската ривиера, во Ница, завршиле во српскиот град Ниш, откако кај организаторите на нивното патување забуна предизвикала новата авионска линија на „Ryanair“, Братислава-Ниш.

Поради сличните имиња на двата града, организаторите на младите Чеси им резервирале лет за Србија, а не за Франција.

Ирскиот нискобуџетен авиопревозник „Ryanair“, во Словачка ги рекламира продолжените викенди во Ниш и редовниот лет кој започна на 31.октомври.

Две млади двојки од Чешка биле непријатно изненадени кога во понеделникот место сонце во Ница ги пречекало облечното небо над Ниш. Еден од членовите на екипажот на авионот рекол дека тие веднаш прашале зошто не се во Франција.

Чесите не се задржале многу во Ниш, во менувачницата на аеродромот размениле пари, потоа изнајмиле автомобил и се упатиле за Софија од каде имале лет за Барселона.

Коментари

Популарно