Дневен хороскоп

ОВЕН

На работното место ситуацијата воопшто не ви одговара. Сметате дека методите по кои работите се многу застарени и не е можен напредок. Се обидувате да докажете дека е потребна промена, но како никој да не ве слуша. Ако сте слободни, можно е вечерва да запознаете една личност која на почеток ќе ви делува ладно. Ваше е да откриете дали е тоа навистина така.

БИК

Работата ви е занимлива и креативна. Но, таа сепак ве исцрпува. Особено ве исцрпуваат моментите кога не знаете каков резултат ќе добиете после толку преземени акции. Денес ќе се чувствувате дезориентирано. Во исто време ќе бидете и полетни и ограничени. Без разлика колку сте изморени, вечерва излезете во некое кафуле. Ве очекува познанство со некој кој е роден во знакот на риби, девица или близнаци.

БЛИЗНАЦИ

Имате чувство дека обрачот околу вас се стега и не знаете кој пат да го изберете. За жал, свесни сте и дека ви преостанува само да го изберете помалото зло, затоа што штетата е веќе направена. Вие премногу внимание посветивте на споредните работи, заборавајќи ги битните. Ако сте во подолга врска или брак, бидете внимателни. Отпочнувањето на тајна врска може само да ви наштети. Молчењето на партнерот не значи дека не се сомнева, напротив.

РАК

На работното место ситуацијата веќе подолго време е нејасна. Очекувате некои промени кои никако не се случуваат. Вие имате доволно трпение, но не знаете до кога. Не се нервирајте, не сте само вие во прашање, и вашите колеги го чувствуваат истото. Ако сте слободни во текот на денот, на вашето работно место ќе сретнете една интересна личност. Не го пропуштајте ова познанство. Се работи за личност со која имате големи допирни точки.

ЛАВ

Сите акции што досега ги преземавте беа без јасна идеја како понатаму. Веќе е крајно време да ја подобрите финансиската ситуација. Ве очекува период кога се што ќе преземете ќе биде логично и ќе ви донесе успех. Во попладневните часови ве очекува забава. Луѓето околу вас ќе бидат полни со енергија и тоа ќе ве стимулира да заборавите на се и да се опуштите.

ДЕВИЦА

Ви претстои разговор со претпоставените и понуда од нивна страна. Понудата ќе биде толку добра и нема да верувате дека тоа ви се случува. Обидете се да бидете јасни во комуникацијата и да не заобиколувате. Вашиот шеф бара конкретен одговор. Попладнето поминете го со семејството. Во друштво на најблиските ќе се чувствувате слободно и ќе можете да се опуштите. Не покажувајте нервоза и не се обидувајте да им се наметнете со некои свои нови идеи.

ВАГА

Денес е можно да отидете на пократок службен пат. Преговорите што ќе ги водите ќе ви овозможат нов почеток или воведување на нешто ново во процесот на работа. Ако сте невработени, очекувајте ненадејни промени. Еден ненадеен разговор сосема ќе ви го смени животот. Попладневните часови ќе ги поминете со партнерот. Внимавајте како се однесувате. Можеби вие ќе заборавите што сте кажале, но партнерот ќе запомни.

СКОРПИЈА

Имате потреба да им помогнете на сите околу вас и не ви е јасно како да го сторите тоа. Колегите и денес ќе ја искористат вашата добронамерност и ќе ви префрлат дел од нивните обврски. На работното место ситуацијата веќе подолго време е нејасна. Очекувате некои промени кои никако не се случуваат. Слободните скорпии денес ќе имаат интересна средба со една личност која случајно ќе се појави во соседството. Ќе морате да делувате брзо затоа што личноста може одненадеж да отпатува.

СТРЕЛЕЦ

Ситуацијата почнува да се придвижува и работите тргнуваат во поволен правец. Не е далеку времето кога вашиот труд ќе почне да се исплаќа. Поддршката од партнерот е голема и време е да го признаете тоа. Ако сте слободни, ве очекува познанство со една личност родена во огнен знак. Во моментов таква личност ќе ви ја размрда заспаната енергија и ќе ви даде сила за понатаму.

ЈАРЕЦ

Амбиција никогаш не ви недостасувала, посебно кога се работи за исполнување на некоја цел. Затоа и опкружувањето смета дека живеете во некој свој свет кој што е недостапен за повеќето. Денес ќе се посветите на конкретни работи кои ќе ви помогнат во зголемување на рејтингот, а со тоа и подобрување на финансиите. Во текот на попладнето ви претстои разговор со еден пријател кој очекува вистински совет од вас.

ВОДОЛИЈА

Оваа работна недела ви беше многу стресна. Вложивте премногу енергија за да ги завршите работните задачи. Денес ќе се обидете да го смалите темпото и малку да се опуштите. Веќе немате сила за секојдневните изненадувања. Време е да станете свесни дека партнерот ви е голема помош и да му го признаете тоа. Долго време го запоставувавте. Попладне ќе имате потреба да се опуштите и да се забавувате.

РИБИ

Денес ќе добиете критики од вашите пријатели. Тие сметаат дека сте го смениле вашето однесување и почнувате да се однесувате арогантно. Тоа не ви е својствено и тие не можат да ве препознаат. Вие сметате дека досега сте биле во сенка на сите и дека е крајно време да се освестите. Вашите домашни ќе забележат дека се наоѓате во некоја посебна фаза и почнувате да се повлекувате во себе. Тие ќе се обидат да ви помогнат, но вие нема да им дозволите.

Коментари

Популарно