Грипот ги зема првите жртви - две мали деца

Грипот ги зема првите жртви.

Тоа се две деца на возраст од 3 и 4 години, едното од Кичево, а другото од Гостивар, кои биле лекувани на Клиниката за детски болести – Скопје на Одделот за интензивна нега.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје во земјава има 8.067 нови случаи на грип, што е за 14,9 отсто помалку во однос на минатата недела.

„Намалениот број на случаи во споредба со претходната недела се должи на намалениот број на случаи кај децата од 5-14 години, што може да се објасни со почетокот на зимскиот распуст. Иако зимскиот распуст на училиштата може да го ублажи интензитетот на ширење на грипот, сепак се очекува високиот број на случаи да се одржува и во наредните недели“ - велат епидемиолозите.

Коментари

Популарно