ВИДЕО: Моменти за паметење - последните минути од триумфот над Тунис

Македонската ракометна репрезентација ја оствари првата победа на Светското првенство во Франција, против репрезентацијата на Тунис со резултат 34 - 30.

Победата е уште послатка поради тоа што 15тина минуту пред крајот Македонија губеше со 4 гола разлика.

Но во последните минути од натпреварот, македонската репрезентација предводена од капитенот Кире Лазаров и борбените Манасков, Миркуловски и Стоилов стигна до победа.

Минутите низ кои стигнавме до пресврт триумфот над Тунис дефинитивно остануваат за паметење од првата наша средба на Мундијалот.

Коментари

Популарно