ФОТО: Еве како се маскираа Вевчанци годинава

Многубројните гости во Вевчани повторно ја доживеаја 15 вековната магија, во која Вевчанци ги отсликуваат своите видувања на настаните што ја одбележаа реалноста во земјава и светот. Тие уживаа во шегите, довикувањата, ведриот дух и позитивната енергија на василичарите. Карактериситчно за манифестацијата е што никој никому не се лути, бидејќи ова се денови на мајтап во Вевчани.

Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Задолжителни елементи се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои олицетворение на злото и двајцата глупи Августи кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар.

Сорос, Бејли, глупиот август крвави маски, како и зетот и невестата беа само дел од маските кои продефилираа денеска во Вевчани.

Фотографиите ги испрати Владимир Стојановски.

Коментари

Популарно