(ФОТО) ЈА ОСАКАТИЛ ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ: Поранешно момче фрли киселина во лицето на атрактивна водителка

Водителката на лицето има тешки лузни, а лекарите стравуваат дека видот ѝ е неповратно оштетен.

Италијанската ТВ водителка и поранешна мисица, Џесика Нотаро, неодамна била нападната од нејзиниот поранешен дечко, непосредно пред нејзината куќа во источна Италија, при што тој ѝ фрлил киселина директно в лице.

Убавата 28-годишна водителка како резултат на киселината добила тешки повреди на лицето и очите, но и на нозете и колковите, пишува британскиот „Сан“. Полицијата веднаш го уапсила 29-годишниот Хорхе Едсон Таварес кој Џесика и претходно го пријавувала поради малтретирање. Таварес при апсењето тврдел дека има алиби.

Состојбата на Џесика во моментов е стабилна, но и натаму е сериозна. Таа на лицето има тешки лузни и воопшто не може да гледа, а лекарите стравуваат дека нејзините очи може да се неповратно оштетени.

Со своето поранешно момче водителката се запознала додека заедно работеле на претстава со делфини во аквариум. Убавата Џесика во 2007 година настапи на изборот за Мис на Италија, каде што беше една од финалистките. Потоа започнала да работи на телевизија.

Коментари

Популарно