ДОДЕКА ЛОВЕЛ КРАДЦИ, ВЕРВЕРИЧКА МУ ГИ ЈАДЕЛА ЧОКОЛАДИТЕ

КАНАДА - Во еден локален маркет во Торонто на сопственикот постојано му фалеле чоколади, а крадецот не можел да го открие со месеци

На крајот, тој се сетил да постави вклучена камера која ќе снима кај оние чоколадни производи кои најмногу му фалеле.

Кога ја прегледал снимката не можел да си поверува на очите дека цело време од неговите производи се служела една верверичка која, како што вели сопственикот, дури имала и свој фаворит меѓу слатките производи, Киндер Буено.

Производот кој во маркетот чини околу два долари му го снемало од полицата повеќе од 40 пати, а симпатичниот крадец ја прославил продавницата која заради оваа приказна завршила на телевизискиот дневник.

Коментари

Популарно