(ВИДЕО) Даде гол со ножички, ја запроси девојката и доби казна од судијата!

Секој ден гледаме чудни ситуации на фудбалските теренот во целиот свет.

Сепак, напаѓачот Напа Роверс, Гуам Ештон Сурбер направи нешто неверојатно.

Напаѓачот постигна преубав гол со ножички, а потоа спреми изненадување за својата девојка.

Отиде на трибините, го соблече дресот и ја покажа маицата на која пишуваше “Омажи се за мене.”

Девојката се согласи, на големо задоволство на сите, но тоа не го спречи судијата да го казни игралот и да му покаже жолт картон.

Сепак, напаѓачот не беше засегнат, бидејќи, на крајот доби одговор “да”, а неговиот тим победи со 5:1.

Еве како изгледаше целата ситуација…

Коментари

Популарно