Скопје прераснува во туристички центар - еве колку луѓе го посетиле

Иако главниот град на Р.Македонија, не важи за туристички центар, неколку години наназад привлекува се повеќе туристи. Ова се бројките за минатата година.

Скопје со месеци наназад привлекува голем број туристи.

Во месец ноември лани главниот град имал најмногу посетители.

Ова се гледа од податоците на Државниот завод за статистика.

Градот го посетиле 15.613 гости, од кои 1.865 се домашни туристи, а 13.748 се странци.

Езерата во Македонија истиот месец ги посетиле вкупно 10.772 туристи.

Во бањите имало 2.622 посетители.

На планинските места одмарале вкупно 3.648 туристи.

Во другите места во Македонија дошле вкупно 11.507 гости.

Веќе подолг период најбројни меѓу туристите се Турците и гостите од соседните земји.

Коментари

Популарно