Детенце го изгуби видот играјќи си со играчка која му ја купиле родителите

Иако оваа играчка е омилена кај децата, истата е многу опасна. Шест годишното момче од Австралија си играло со ласер кој испуштал црвена светлост на голема оддалеченост.

Оваа играчка е обожувана кај сите малечки деца, а 6-годипното момче ја добило од своите родители.

Најпрвин никој не се сомневал дека нешто не е во ред, но откако момчето се полошо гледало, родителите го однеле на лекар било воспоставено дека детето изгубило дури 75% од видот.

Оштетувањето настанало на задниот дел од двете очи, а она што е алармантно е што детето не чувствувало никаква болка додека играло.

Неговата повреда може да се елиминира само со операција, нема да му помогнат ниту очила ниту контактни леќи.

Коментари

Популарно