Ќерката на Аркан за прв пат прозборе во јавност - еве што кажа за Цеца

Софија Ражнатовиќ е вонбрачна ќерка на Аркан, која до неговиот помен викендов ја немавме видено.

38-годишната Софија за прв пат прозборе за семејството.

Таа за српскиот Курир изјави: „Дојдов да оддадам почит на својот татко, кого многу го сакав. Иако веќе 17 години не е меѓу нас, тој уште живее во мене. Секој ден помислувам на него и за мене ова е најтешкиот ден во животот. Живеам далеку и долго не доаѓав во Србија, но драго ми што денеска сум овде. Полно ми е срцето кога ги гледам неговите пријатели и најблиските кои ги сакаше“.

Таа има само убави зборови за Цеца.

„Цеца могу ја ценам и почитувам, таа за мене е силна жена. Со оглед на тоа дека не живеам овде, не знам дали нешто лошо се зборува, но јас нема проблеми со неа и никогаш не сум имала. Се сложувам со целото семејство Ражнатовиќ и сите ги сакам“ – изјавила Софија.

Коментари

Популарно