Ова се најбогатите Балканци - Кој е најбогатиот Македонец?

Магазинот Форбс ја претстави листата со најбогатите за 2016 година. САД се земја со најголем број милионери, зад неа е Кина, додека во Европа првото место го делат Германија и Велика Британија со по 120 милионери, а трета е Русија со 88 милионери, а еве каква е ситуацијата на Балканот.

Најбогатиот човек во Србија е Филип Цептер, чие богатство се проценува на пет милијарди долари, тој е основач на компанијата Цептер интернешнел, а иако не живее во Србија, има српско државјанство.

Меѓу најбогатите во Србија е и Миодраг Костиќ, сопственик на МК груп со богатство од 540 милиони долари, и Мирослав Мишковиќ, кој располага со 520 милиони долари.

Кај Словенците најбогати се Иза и Само Логин, парот кој заработи енормно богатство од апликацијата Токинг Том Кет. Нивните пари се проценети на 700 милиони долари, а зад нив е Јол Печечник, сопственик на Интерблок, со богатство од 266 милиони долари.

Во Хрватска најбогато е хрватско-чилеанското семејство Луксиќ, со нето вредност од 15 милијарди долари.

По нив следува австро-хрватскиот милијардер Дитрих Матешиќ, сопственик на Ред бул, со богатство од 13,4 милијарди долари.

Зад нив е Ивица Тодориќ, сопственик на Агрокор, со 499 милиони долари и Емил Тедески, сопственик на Атлантик груп, со нето богатство од 208 милиони долари.

Во Македонија, Forbes вели дека на врвот се наоѓа Јордан Камчев, сопственик на Орка Холдинг, со 238 милиони долари вредно богатство. Втор е Минчо Јорданов, сопственик на Макстил со 234 милиони долари.

Најбогатиот македонски нерезидент е Мајк Илиќ, основач на фаст-фуд франшизата Little Caesars, сопственик на Детроит ред вингс, НХЛ тим и Детроит тајгерс тимот од MLB, со богатство од 6,1 милијарди долари.

Најбогати во Босна и Херцеговина се Кенан и Дамир Хастор, кои го наследија Превет и АСА груп од таткото Нијаз и располагаат со 412 милиони долари. Зад нив е Изудин Ахметиќ, сопственик на HIFA Group, со имот од 364 милиони долари.

Коментари

Популарно