Скопје: Со нож и тупаници му одзеле цела вреќа пари!

Под закана со нож и со неколку удари, на 27-годишен скопјанец му била одземена вреќа со пари.

Како што соопшти полицијата, околу 15.15 часот Скопје на бул. „Јане Сандански“ на паркинг од страна на непознато лице било извршено разбојништво над А.Р. (27) од Скопје, при што му биле одземени 843.000 денари.

Откако А.Р. се паркирал на паркингот и излегол од возилото држејќи во рака кеса во која имало пари, сторителот два пати со тупаница го удрил во пределот на главата и лицето, а во другата рака држел нож, од што пријавителот се исплашил за неговиот живот и без да дава отпор му ја дал кесата со парите по што крадецот го напуштил местото на настанот, а оштетениот почнал да трча по него, но не успеал да го стигне.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.

Коментари

Популарно