Нов студен бран: Во Полска 85 луѓе умреле од смрзнување, во Словачка 40 деца спасени од студот

До Полјаците повторно се апелирало да се јават на аларм бројот доколку забележат дека некој може да биде загрозен од студот.

Новиот бран на голем студ во Полска во последните 24 часа однел уште два животи, а бројот на загинати како последица од замрзнување оваа зима се искачил на 85, соопштил денес Центарот за безбедност при полската влада.

"Само вчера од смрзнување починале две лица во Долна Шлезија и Лодјско војводство. Од почетокот на ноември, тоа се веќе 85 луѓе", рекла портпаролката на Центарот, Ана Адемкјевич.

Таа повторно апелирала до Полјаците да се јават на аларм бројот доколку забележат дека некој може да биде загрозен од студот.

"Смртта од замрзнување не им се заканува само на бездомниците. Често жртвите се и постари лица кои живеат сами или се болни. Исто така и лица кои под дејство на алкохол заспале на отворено", рекле од Центарот.

Бројот на жртви во зима, во просек околу 80 жртви од смрзнување годишно, се зголемува. "Тивкиот убиец", како што го нарекуваат во Полска - гасот од јагелерод моноксидот од неисправните печки - во последните 24 часа убил еден човек во Полска, пренесува Telegraf.rs.

По краткото затоплување, зимата со полна сила се вратила во цела Средна Европа, а словачките власти овој месец вовеле посебна контрола, за да се грижи за децата во социјално послабите семејства, посебно на истокот на земјата.

"Од почетокот на годината од истокот на Словачка земавме околу 40 деца. Во некои случаи социјалните работници морале да викаат Итна помош", рекол за словачките медиуми шефот на словачкото Биро за работа, социјални прашања и семејства, Маријан Валентович.

Коментари

Популарно