(ФОТО/ВИДЕО) ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА ЗА НОВАТА ЈЕЛЕНА РОЗГА: Босанска аналитичарка остро ја искритикува песната „Модерна жена“

Замислувам како некое девојче, на кого Јелена му е идол, ја пее оваа песна, и се надева кога ќе порасне дека ќе стане модерна жена, стои во ироничниот статус на Мариќ.

Познатата босанска аналитичарка Ивана Мариќ, на својот фејсбук-профил, напиша статус наменет за хрватската пејачка Јелена Розга.

Мариќ откако ја преслушала новата песна на Розга „Модерна жена“, видно изнервирана јавно го искажа своето негативно мислење.

- Ја чув утринава песната „Модерна жена“ и останав заледена од чудо, а и дознав дека не сум модерна жена. Не е доста што воздухот ни го загадуваат, па сега почнаа и мозокот - напиша таа.

- Замислувам како некое девојче, на кого Јелена му е идол, ја пее оваа песна, и се надева кога ќе порасне дека ќе стане модерна жена - додава Мариќ и на крај го напишала текстот на песната.

За оние кои не ја чуле, еве го видеозаписот на „Модерна жена“, напишана од Вјекослава Хулиќ, а музиката е на Тончи. Двојката која некогаш ги правеше најубавите балади на Балканот.

Јелена Розга пред да се осамостои пееше во групата „Магазин“, чиј основач е токму Тончи Хулиќ. Познати хитови протекоа од овој состав кој останаа како евергрини, да се потсетиме на еден.

Се наметнува прашањето, што е сега ова, турбофолкот полека ги купува и најдобрите композитори на овие простори? Се шири опасен вирус.

Коментари

Популарно