ВИДЕО: Неверојатните последни 5 минути на Словенија за Македонија!

За сигурно четврто место во гупната фаза на светското ракометно во Франција и пласман во 1/8 финалето, освен двете победи на Македонија и беше потребено Тунис да не ја победи Словенија. На 5 минути до крајот на мечот меѓу нашите ривали, тоа не изгледаше така.

Најголемиот пресврт досега на Светското првенство се случи токму во нашата група во Мец, каде Словенија се врати од 23-28 за неполни шест минути и освои бод, кој можеби за момците на Вујовиќ не значи многу, но за нас е злато вреден и ни носи осминафинале на Мундијалот.

Еве го комплетниот пресврт:

24-28 - Јанц (55:20)

25-28 - Зарабец (55:41)

26-28 - Цингесар (57:24)

27-28 - Зарабец (58:49)

28-28 - Јанц (59:55)

Коментари

Популарно