ВИДЕО: Манасков го „среди“ Стоилов!

Иако македонските репрезентативци не одиграа на своето препознатливо ниво и го загубија последниот меч против Словенија светското ракометно првенство во Франција, во македонскиот табор владее одлична атмосфера воочи мечот со Шпанија вечерва во Мец.

По ремито на Словенија и Тунис вчера попладне, нема повеќе притисок и поопуштено ќе ги дочекаме следните два натпревари со Шпанија и Исланд. Стојанче Стоилов ќе се појави со нова фризура на следните натпревари, откако вчера го посети „берберот“ Дејан Манасков во хотелската соба на „Голден Тулип“ и репрезентативното крило му „скрои“ нова фризура. Каков бербер е Дејан Манасков ќе видиме вечерва кога кружниот напаѓач ќе се појави на теренот со новата фризура.

Коментари

Популарно