ВИДЕО: Иновативно - Билборд кашла ако покрај него се пуши цигара

Многу креативна и чудна реклама може да се види низ улиците на Стокхолм, Шведска.

Се работи за кампања која има за цел да ги поттикнат пушачите да ги остават цигарите.

Така поставен е џамбо дигитален билборд кој навидум изгледа вообичаено со машки модел на него, но кога покрај него ќе поминат лица кои пушат цигари момчето од билбордот почнува да кашла.

Потоа билбордот почнува да прикажува промотивен спот за разни производи кои помагаат на пушачите да престанат да пушат, а кои ги нуди синџирот аптеки Хјартат.

Иновативната реклама ја плаќа шведскиот лекарски синџир, кој сака да ги поттикне пушачите да ги остават цигарите.

Коментари

Популарно