ВИДЕО: Вознемирувачка снимка - додека дигал тегови му се скршила кичмата

Вознемирувачка снимка се појави на Јутјуб, снимена во една теретана во Јапонија.

Еден човек проба да крене поголема тежина на тегови. Првата фаза ја помина, ја дигна шипката до колкови и половина и потоа ја пушти да падне на земја.

Иако на почеток делуваше дека се е во ред, наеднаш човекот се згрчил, вкочанил а поединечни делови од телото почнале да му се тресат.

Подоцна се појавила снимка од кичмата на која јасно се гледа дека е скршена.

Со оглед на тоа што во прашање е само снимка, не се знае дали човекот успеал да ги преживее овие повреди, но секако е за наравоучение да внимаваме и да не се форсираме над нашите можности.

Коментари

Популарно