Како да заштедите и до 50 евра на сметките за електрична енергија?

Поради „дебелите“ минуси голем број граѓани се принудени да трошат повеќе електрична енергија од вообичаено.

Експертите велат дека иако е тешко да се заштеди без претходно вложување во средување на фасадата, купување на нови прозори или модерни паметни уреди, сепак постојат некои „трикови“ како помалку да се потроши на енергијата.

Една од значајни поединечни ставки во трошењето на електрична енергија секако се сијалиците, кои во домаќинство трошат околу 10 – 15 отсто од вкупната потрошувачка на киловатите. Тука решението според експертите се штедливите сијалици, кои иако во старт се поскапи од обичните, за време на помала потрошувачка на енергијата всушност го „чуваат“ паричникот. Потрошувачката на електрична енергија значително ќе ја намалите ако наместо сијалици користите неонско осветлување. Обичната сијалица од 100 вати, ако работи 10 часа дневно, троши 30 киловат-часови месечно. Штедливата – само 6 киловат-часови.

Греење со клима не е исплатливо. Една од погрешните претпоставки е и дека користењето на клима – уредите на минус е исплатливо. Климата е добар начин да се догреваат просториите само доколку температурите се до седум степени. Исто така, ако се греете на струја, изберете грејно тело со термостат. Ако користите клима-уред за ладење, водете сметка разликата помеѓу внатрешната и надворешната температура да не биде поголема од 5 – 10 степени. Како дополнителен совет како да се намали сметката за струја, експертите велат дека бојлерот треба да се постави на температура од 50 до 60 степени, фрижидерот или замрзнувачот да не се држат во просториите кои се греат, како и дека оптимална температура за собите е 21 степен.

Имено, за еден час работа, болјер со моќност од 2 киловати троши 2 киловат-часа, а на месечно ниво, ако секојдневно работи по 2.5 часа, троши 150 киловат-часови. За да заштедите топла вода, подесете го термостатот на болјерот на температура помеѓу 50 и 60 степени Целзиусови. Наместо да се бањате во полна када, туширајте се, бидејќи на тој начин се намалува потрошувачката на вода и струја. Од време на време, исчистете го болјерот, бидејќи бигорот ја зголемува потрошувачката.

Коментари

Популарно