Миле Кузмановски шокираше - еве што му се случило на настап

Настапите за Нова година и останатите празници за и по Божиќ се и тоа како посакувани од естрадата поради финансите, но најголем проблем е ако истите се на отворено, а особено оваа година ситуацијата беше тешка со рекордно ниските температури.

Миле Кузмановски при неговото гостување во "Улица Македонија" раскажа во какви екстремни услови пеел минатата година.

„Минатата година во Крушево пеев на минус 26 степени и ќе го памтам тоа. Заборавив ракавици и микрофонот ми се залепи, ама навистина ми се залепи на рака. Дувачот не можеше да свири, му смрзна кларинетот, клавијатуристот издржа, хармоникашот свиреше едвај со прстите, но издржавме машки“ - раскажа Миле за екстремната ситуација на настапот.

Коментари

Популарно