ЕВЕ КАКО ДА ОТПЛАТИТЕ КРЕДИТ 11 ГОДИНИ ПРЕДВРЕМЕ

За сите кои пушат, а притоа имаат и друг проблем како кредит во банка, добар мотив да престанат да пушат може да биде брзо излегување од должничкото ропство.

Освен парите и здравјето, непријатниот мирис, поларизацијата на пријателите и тие кои сакаат да трпат чад од цигари или го одбиваат.

А колку блиску може да биде хоризонтот без тој должнички товар? Ова е пресметка на пример на станбен кредит од 80.000 евра на 25 години, што е некој просечен износ за семејство со деца.

Пресметката навистина отрезнува: ако во семејство еден пушач се откаже од таа навика, кредитот би можеле да го отплатат пет години порано, но ако двајца се откажат од пушењето, рокот на отплатата се скратува за повеќе од една деценија, за дури 11 години.

Еден пушач во семејство кое дневно троши 25 куни (3,3 евра) на цигари месечно во чад претвара 750 куни (речиси 100 евра), а во тек на 25 години дури 225.000 куни, односно околу 30.000 евра. За двајца износот се искачува на вртоглави 450.000 куни или околу 60.000 евра. Овој износ не само што ги покрива сите камати кои во тек на отплата на станбен кредит со камата од 4,5 отсто се дава на банката, туку преостануваат уште и пристојна сума на пари за исполнување на некој друг животен сон, на пример егзотично патување.

Бидејќи, за кредит од 80.000 евра, покрај моменталните услови на пазарот на банката се враќаат 133.000 евра, каматата изнесува околу 53.000 евра, т.е. 400.000 куни, 50.000 помалку од што ќе испушат двајца пушачи за 25 години.

За 11 години тоа е 134 рати од 3.343 куни т.е. околу 440 евра, колку што месечно издвојувале 25 години.

Коментари

Популарно