Лоши вести: Без Манасков против норвешка - скинал мускул!

Гоце Ојлески ќе биде единствениот ракометар на позицијата лево крило за дуелот против Норвешка бидејќи Дејан Манасков има скинат мускул и нема да може да игра во осмина-финалето.

Оваа вест е потврдена и од Франција, така што Червар ќе мора да направи нова измена во составот и утре да внесе нов играч. Со оглед на тоа што во резерви ги има десното крило Поповски, бекот Арнаудовски и голманот Митревски јасно е дека нема голем избор за смена, но дефинитивно ќе може да комбинира.

Она што е јасно е дека Манасков нема да биде на терен против Норвешка и нема да може да им помогне на колегите. Сепак, мора да се верува во Ојлески, така што и тој ќе треба да покаже дека заслужува поголема минутажа и да ја оправда довербата на важниот меч кој се игра утре од 16 часот.

Коментари

Популарно