(ГАЛЕРИЈА) Мелани Трамп ги засени сите – светските очи беа свртени кон нејзината облека од “Ралф Лорен”

Првата дама на САД, Мелани Трамп носеше елегантен светло син комплет од “Ралф Лорен” за церемонијата на инаугурацијата на својот сопруг Доналд Трамп, информира “Франс прес.

Нежниот фустан од кашмир беше со должина до коленото. Тој е комбиниран со краток капут од истата материја и боја, како и со соодветни ракавици.

Овој пат Мелани ја подигна својата коса во стилски наменета фризура со едноставни дијамантски обетки.

Изгледот на сопругата на Трамп предизвика бројни онлајн коментари а некои дури ја споредија со Џеки Кенеди, сопругата на претседателот на Демократската партија Џон Кенеди и една од стилски облечените први дами.

Мелани, која е поранешен модел, е родена во Словенијае првата американска прва дама, која не е по потекло од земјата од времето на Луиза Адамс, која беше родена во Велика Британија и сопруга на Џон Квинси Адамс, кој управуваше од 1825 година до 1829 година.

Коментари

Популарно