Најделотворна намирница во сезоната на грип и настинки

Зимскиот период е период кога често дури и оние со јак имунитет подлегнуваат на настинки, болки во грлото, кашлица и слично.

Секако, логична постапка би била одење на лекар, но доколку сакате прво да се обидете сами, по природен пат, да го решите проблемот, би можеле тоа да го направите на следниов начин – конзумирајте лук.

Многумина знаат дека лукот е многу здрав и често го користат при подготовка на разни јадења, меѓутоа, тогаш не го добивате она најдоброто од него. Со термичка обработка се губат лековитите својства на лукот,па затоа се препорачува да се користи сиров.

Можете да го земате сиров или пак да изгмечете лук и да го измешате со мед и половина лажичка масло, па така да го изедете.

Коментари

Популарно