Македонија заврши 13та во Франција

Синоќа и официјално завршија осминафиналните натпревари на Светското првенство во Франција…

Воедно познати се и четвртфиналните двојки, тие се: Унгарија-Норвешка, Словенија-Катар, Шпанија-Хрватска, Шведска-Франција.

Поразените од осминафиналето на овој Мундијал, помеѓу кои и македонската репрезентација го знаат конечниот ранкинг.

Нашата селекција го освои 13. место со две победи (Тунис, Ангола) и три порази (Словенија, Шпанија, Норвешка) и едно реми (Исланд).

Тоа не е најдобар пласман на Македонија на светските шампионати, да потсетиме, во 1999 Египет бевме на 18. позиција, потоа во 2009 Хрватска на 11то место, во 2013 Шпанија на 14-то и во Катар 2015 бевме најдобри досега на деветтото место.

СП 2017 Франција.

9.Германија

10.Данска

11.Русија

12.Египет

13.Македонија

14.Исланд

15.Белорусија

16.Бразил

Коментари

Популарно