30 години верував дека мојот татко е Бог и дека ќе ме удри гром ако го напуштам: Исповед на ќерката на еден болен силувач!

Толку била осамена што често разговара со чешмата во бањата.

Кети Морган Дејвис од Лондон имала ужасно детство, со оглед на тоа дека нејзиниот татко, инаку лидер на култ, ја принудувал да верува дека е Бог.

Толку била осамена што често разговарала со чешмата во бањата, велејќи и дека е "единствена на нејзина страна", ја започнува својата приказна девојката која во маоистичкиот култ била затворена како во затвор од нејзиниот татко.

Кога конечно побегнала во 2013. година, Кети била социјално прилагодена како 5-годишно дете, и не умеела да премине улица ниту нормално да комуницира. Никогаш не видела доктор или заболекар, а мозокот и бил толку испран што била убедена дека нејзиното лошо однесување е заслужно за земјотреси и други несреќи.

Подоцна дознала дека сето тоа било масло на нејзиниот болен татко Арвинд Балакришнана, кој е сега во затвор поради своите злосторства.

Тој бил уапсен кон крајот на минатата година и осуден на 23 години затвор поради силување, држење на жена во заробеништво, психолошки и физички терор.

Исто така, својата жртва ја убедувал дека ќе ја удри гром ако излезе надвор без негова дозвола. Сакал Кети да му помогне заедно да владеат со светот, пренесува Telegraf.rs.

Целата приказна за овој неверојатен култ е раскажана детално во документарецот на продуцентката Ванеса Игл. Во него соседите на овој човек велат дека куќата на ужасот делувала сосема нормално, иако било извесно дека семејството кое живее во неа е чудно. Најлошо од сè била самата приказна на Кети.

"Од кога знам за себе верував дека мојата единствена улога е да му помогнам на татко ми да завладее со светот. Моето крстено име беше "љубовна револуција" и го мразев - вели таа.

Кети се сеќава дека нејзината мајка паднала од прозор и умрела, дека татко и ја злоставувал, но и на кој начин татко и носел нови членови во култот, кои ги злоставувал на сите начини.

Коментари

Популарно