ОГЛАС: Се бараат 3.000 ловци на мигранти - плата 480 евра

Избраните ќе добијат пиштоли со вистинска муниција, спреј за очи, пендреци, лисици и заштитна опрема.

Почетокот на нивната работа е предвиден за во мај 2017 година, а пред тоа тие ќе поминат полициска обука.

Унгарската полиција објави конкурс за прием на 3.000 "ловци на мигранти“ за да им помогнат на десетте илјади војници и полицајци кои патролираат по должината на границата со Република Србија. Овие мерки се преземаат со цел да се спречи влезот на мигранти, објави сајтот вработување.мк

Новите регрути ќе имаат пиштоли со вистинска муниција, спреј за очи, пендреци, лисици и заштитна опрема.

Почетокот на нивната работа е предвиден за во мај 2017 година, а пред тоа тие ќе поминат полициска обука.

Условите кои треба да ги исполнат кандидатите се:

- мораат да бидат полнолетни;

- да бидат во добра физичка кондиција;

- положен психолошки тест.

Нивната плата, во првите два месеци ќе изнесува 150.000 форинти (480 евра), а потоа ќе се зголеми на 220.300 форинти (710 евра).

Коментари

Популарно